Рита Бехадини, претседателка на Центарот за еднакви можности „Буба мара”, која го презентираше извештајот на настанот „Социополитичко учество на младите”, вели дека 21 процент од испитаниците не би се иселиле од земјава. Од оние млади пак, кои ако се решат да си заминат, само осум проценти изјавиле дека сигурно би се вратиле во земјава.
„Ова значи дека веќе не се работи само за барања за повисока плата и за повеќе пари, туку за подобар животен стандард. За жал, речиси осум од 10 млади луѓе мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, а тоа значи дека немаат надеж за промена. Ако навистина сакаме промена, мора да најдеме механизми како младите да се сфатат сериозно и да станат дел од одлучувањето. Посебно треба да се најде начин како да се мотивираат девојките, за да бидат дел од промената“, истакна Бехадини.
Според неа, младите мислат дека ако станат дел од една партија, веќе не можат да најдат работа надвор од партијата и тоа не е стереотип.
„Ако вистински сакаме промена, мора младите да учествуваат во политиката и да бидат дел од политичките партии, зашто само тие знааат за што имаат потреба“, рече Бехадини.
Интересно ќе биде да се слушне што во врска со ваквите резултати ќе кажем премиерот Димитар Ковачевски, чие обраќање е најавено.






