среда, 18 март 2026

Василевска: Нема да дозволиме носење на штетен закон за наставниците

Објавено на

часот

Сподели

„Четири дена тензии во Собрание и манипулации во јавноста од страна на СДСМ и ДУИ кои се со цел да се протурка штетен закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес. СДСМ шверцерски како и секогаш што прави, сака неделовнички на дневен ред во Комисијата за образование, наука и спорт, да се стави закон којшто има за цел целосна партизација на образованието. Лажни се тезите на пратениците од владејачкото мнозинство кои напразно се обидуваат да го одбранат овој штетен закон“, рече Василевска.

Таа нагласи дека со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат, туку дека целта е само партизација во образованието.

„Со овој закон СДСМ и ДУИ предвидуваат укинување на еден од механизмите за контрола на квалитет во образованието, т.е. да се вработуваат наставниците и професорите на неопределено време без приправнички стаж. А, со тоа трансформацијата на работниот однос да се решава помеѓу неколку луѓе, по партиски клуч, помеѓу градоначалникот, директорот на училиштето именуван од градоначалникот, училишна комисија, како и комисија за трансформација. Целосна партизација во образовниот процес“, рече пратеничката.

Според неа, доколку СДСМ и ДУИ беа искрени во намерата, и сакаа зголемување на платите во образованието, требаше да го прифатат предлогот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и, како што додаде таа, да го прифатат амандманот поднесен на законот за минимална плата со кој се предвидува износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата.

„Со овој амандман скалесто ќе се зголемуваа платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата“, рече пратеничката Иванка Василевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ