Вархеји пред денешната посета на Скопје, вчера во Софија ијзави дека разочаран што сѐ уште разговара за датум за преговори за Македонија и за Албанија и порача тоа прашање да се реши до јуни годинава.
Вархеји вчера на средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија. Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.






