петок, 19 декември 2025

Вархеји и Османи утре во Софија, секој со своја агенда

Објавено на

часот

Сподели

Како што стои на календарот на активностите на Верхеји, еврокомесарот Вархеји утре во Софија ќе учествува на Самитот ЕУ – Балкан, но ќе има и билатерлни разговори со бугарската влада, како што во план се билатерални разговори и во Загреб, Скопје и Тирана.

Во исто време во Софија ќе престојува шефот на дипломатијата Бујар Османи, но засега нема детали за агендите на Вархеји и Османи во главниот град на источниот сосед на Македонија. Потоа, планирано е во Скопје Османи да му биде домаќин на Вархеји кој доаѓа на билатерални разговори.

Османи во Софија ќе пристигне од Берлин каде што со официјални претставници на Германија разговара „за европското досие на Македонија и потребата од итна деблокада на процесот на проширување како геостратегискка инвестиција на Унијата во име на безбеден, стабилен и просперитетен регион во срцето на Европа“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ