среда, 18 март 2026

Утре почнува увидот во Избирачкиот список за локалните избори во Центар Жупа и Маврово – Ростуше

Објавено на

часот

Сподели

ДИК денеска на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година: Упатство за начинот и постапката на поднесување прием и потврдување на кандидатските листи донесено на 25 август 2021 година, Упатство за начинот на именување членови на избирачки одбори по предлог на политичките партии донесено на 3 септември 2021 и Упатство за изгледот на беџовите за идентификација донесено на 25 август 2021 година.

„Останатите упатства кои биле донесени наменски за Локалните избори во 2021 година, ќе се ревидираат, односно корегираат и прилагодат на следната седница на ДИК, по што ќе бидат и донесени како посебни акти“, соопшти Борис Кондарко, образложувајќи ја оваа точка од дневниот ред на седницата.

Во моментов, како што информира Борис Кондарко, тече собирањето потписи за кандидирање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ