среда, 17 декември 2025

Унапредувањето на работничките права се наша цел, нема плата под 18.000, вели Тренчевска

Објавено на

часот

Сподели

„Работиме на решението кое ќе е системско и солидарно за сите. Линеарно покачување од 2.806 денари, за сите вработени во јавниот сектор. Во рамката за преговори, за новиот Општ колективен договор, е враќањето на регресот за годишен одмор, за целиот јавен сектор во 2023 година. Како и нова методологија за пресметка на платите, со која ќе се обезбеди редовна корекција на платите според критериуми кои ќе бидат утврдени и која ќе се преслика во гранските колективни договори, што значи постојан раст на платите во јавниот сектор.

Во финална фаза на подготовка е и новиот Закон за работни односи, кој ќе одговори на потребите на едно современо општество, а до крајот на оваа година очекуваме да биде усвоен од страна на Собранието“, вели министерката.

Таа додава дека недела- ден на неделен одмор стана наша реалност и дека тоа законско решение овозможи баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на работникот.

„Повеќе време за семејството, за блиските, за пријателите. А за оние работници кои се ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес, не смеат да бидат прекинати, најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Додека пак, за вработените во трговијата двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100% . Затоа што трудот на работникот мора да се почитува и вреднува.

Во континуитет работиме на намалување на невработеноста која успеавме да ја симнеме на 15.7%.

Преку Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година, обезбедуваме опфат на 14.685 невработени лица. Посебен акцент се стави на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени, како и на корисниците на Гарантирана минимална помош.

Го зголемивме опфатот за најбараната мерка-самовработување за 2000 лица. Преку обуки, доквалификација, преквалификација, практиканство ја зголемуваме конкурентноста на невработените лица на пазарот на труд. А не застанавме ниту со проектот Гаранција за млади како земја лидер во регионот, која прва го имплементираше, а не е членка на ЕУ“, вели Тренчевска.

Таа, обраќајќи им  се на работниците на крајот порачува:

„Министерството за труд и социјална политика, продолжува да ги вложува сите свои капацитети во насока на обезбедување поголеми права, безбедни работни места и достојни услови за работа на секој работник.

Нека е честит 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот“!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ