понеделник, 15 декември 2025

ТВ презентерката Ејупи конзул во Њујорк, Петрит Муслиу во Чикаго

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.

Освен за Ејупи, неодамна е донесена уште една одлука за испраќање на Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат.

Дипломатски извори ги потврдија двете информации за МКД.мк.

Инаку, ни Ејупи ни Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од МНР, што досега, освен исклучоци беше пракса, а според нашите извори испратени се врз база на блиски врски со функционери на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ