недела, 21 декември 2025

Тупанчевски доби писмена опомена, но не и казна од Грковска за односот кон јавноста за патувањето во Палермо

Објавено на

часот

Сподели

Откако Тупанчевски ѝ ги доставил податоците што ги побарала, Грковска му испрати писмена опомена поради односот кон јавноста, но не и за примањето подароци и делот поврзан со патувањата, кои исто така се врзуваат со Етичкиот кодекс.

„Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчевски ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено во согласност со одредбите пропишани во Кодексот, при што, меѓу другото, укажува дека во согласност со член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција“, велат од кабинетот на Грковска.

Тупанчевски заедно со судијата Лазар Нанев и обвинителката Фатиме Фетаи во Палермо си го платиле сами спиењето, додека патот и билетите биле на сметка на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ