Трајанов нагласи дека нема конкурс или барем јавна објава за избор на судии, за да можат заинтересираните да се пријават ниту пак има постапка кои кандидати како ги утврдува и предлага Судскиот совет, Комисијата за избори и именување при Собранието на Македонија и претседателот на Македонија. Лидерот на Демократски сојуз
„Досега повеќето од судиите се предлагаат од партиите, при што изборот првенствено зависи од партиите кои го прават парламентарното мнозинство. Уставниот суд во изминатите триесет години функционираа под притисок и диктат на партиите, поради што се неопходни промени при изборот и истиот да се одвива во транспарентна постапка и врз основа на цврсти и јасни критериуми“, рече Трајанов.
Тој смета дека за поставеноста и работата на Уставниот суд треба да се донесе закон, а не тој да работи врз основа на деловник бидејќи Уставниот суд е „чувар на Уставот и слободите и правата на граѓаните“, а судија на Уставниот суд е највисока и престижна функција со неотповиклив мандат од девет години и со имунитет.
Трајанов нагласи дека платата на судија на Уставен суд е речиси двојно повисока од платата на пратеник и дека е повисока и од платата на премиерот и на министрите. Нивните плати, рече тој, сепак заостануваат зад платите на уставните судии во соседните држави.






