„За автокефален статус е потребно да се исполнат 9 – 10 точки, услови. Очекуваме од СПЦ, како од црква од која се одделуваме, на Вселенската патријаршија да ѝ предложи доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде томос кој треба да биде потпишан од него и од српскиот патријарх“, рече Тимотеј.
На прашањето дали имало „синхронизација“ меѓу Скопје, Белград и Цариград, владиката Тимотеј рече дека не може да одговара на прашања од таков тип.
„До денеска СПЦ нема официјална реакција на решението на Вселенската патријаршија. Затоа секакво мое толкување би било произволно“, рече владиката.

Tимотеј на почетокот од изјавата за медиумите информира дека Синодот на МПЦ-ОА на денешната седница одлучил да ја прифати поканата на поглаварот на СПЦ Порфирије за сослужување со СПЦ утре во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград. Делегацијата ќе ја предводи поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, а во неа ќе бидат и тројца од повозрасните владици.
„Тоа ќе биде воспоставување на евхаристичко единство со сиот православен свет“, рече владиката Тимотеј.






