недела, 21 декември 2025

Тајни разговори со Бугарија нема, а потребно ни е брзо, но не и избрзано решение, вели Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

„Јас никогаш не се врзував со датуми. Секогаш кажував дека нам ни треба брзо, но не избрзано решение. Министерствата за надворешни работи на двете земји работат на политичките прашања. Тие политички прашања ги разговараат на средби според стандардите на меѓународните односи. Во моментов се работи на размена на идеи по однос на отворените политички прашања, а штом ќе има документ или решение што е прифатливо за двете страни тогаш тоа ќе биде соопштено како на институциите во Бугарија согласно нивните законски постапки, така и кај нас согласно нашето уредување и нашите закони. Во овој момент такво заемно прифатливо решение не постои“, вели Ковачевски.

Тој нагласи дека нема некакви тајни преговори или разговори за ова прашање и оти сѐ за што се разговара е веќе познато.

„Знаете дека со Бугарија имаме односи кои се базираат на искрена комуникација помеѓу двете влади, помеѓу двата премиери. Веќе работат работни групи со конкретни резултати во делот на економијата, инфраструктурата, во делот на образованието, културата и европските интеграции. Ние веќе имаме врз основа на работата на тие работни групи потпишано голем број на меморандуми, имаме и конкретни чекори направено во различни области“, изјави тој.

Во однос на информацијата дека постојат поединци кои работат во државните институции и кои практично работеле да не се постигне договор помеѓу Бугарија и Македонија, рече дека случајот ќе се процесуира согласно процедурите. 

„Таа информација ја имавме веќе првиот ден министерот за надворешни работи и јас. Тоа нормално дека во рамките на МНР, ќе се процесуира согласно процедурите до соодветните служби, меѓутоа јас не можам да кажам повеќе, бидејќи се работи за класифицирани информации“, изјави Ковачевски по посетата на реновираниот оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ