„Има закани за цела Европа од нуклеарен напад. Путин ќе оди по секоја цена за освојување на Украина. Тој е монструозен, за да влезе во историјата како голем освојувач“, истакна претседателот на Здружението, Олександар Урбанович, на денешниот протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.
Тој нагласи дека на протестот е дојден за поддршка на Украина. Сакам, како што рече, земјата да се ослободи и да има мир.
Марјана Велковска од Здружението на Украинци во Македонија вели дека потребна е помош на сите граѓани кои се во Украина.
„Имам роднини таму, тие се подготвени да останат таму и да се борат за својата држава“, изјави Велковска, додавајќи дека им е потребна помош.
Македонци кои го поддржаа протестот посочија дека војната мора да запре, а последиците од неа се чувствуваат, секаде па и во земјава.
На плоштадот во Скопје, беа прикажани фотографии од состојбата во Украина, на кои се гледаат загинати лица, срушени згради, катастрофална состојба.
Фото: Роберт Атанасовски






