„НАТО продолжува да апелира до Русија да ја деескалира ситуацијата. Секоја натамошна руска агресија ќе има сериозни последици и висока цена. Сакаме да се вклучлиме во значаен дијалог со нив, работиме на односите со Русија за да го намалиме ризикот, да ја зголемиме транспарентноста и да ја спречиме пролиферцијатаа на оружје. Секоја нација има право да го избере својот пат, а НАТО покажа дека може да ги брани своите сојузници. Но, вие треба да бидете подготвени и за најлошото“, изјави Столтенберг на заедничката прес-конференција со Ковачевски.
Тој потсети дека има значително движење на руските воени сили кон Белорусија, што, според него, е најголемо распоредување на сили што е видено од Студената војна, со очекување да се ангажираат 35.000 борбени трупи, специјални сили, борбени авиони и ракетни системи, што е покажување на модерните способности на земјата. Ова, додаде Столтенберг, ќе се искомбинира со годишните нуклеарни вежби на Русија кои се очекуваат во овој момент.
„САД објавија дека ќе распоредат сили во Германија, Полска и Романија, како плус на сите досегашни нивни напори и распоредувања на сили во НАТО командите во број од 8.500 трупи. Ние ја зголемивме подготвеноста на силите на НАТО и сметаме дека ќе треба да има дополнително распоредување во северниот дел на Алијансата. Ги поздравувам понудите на другите членови на Алијансата за распоредување на повеќе трупи, бродови и авиони“, рече Столтенберг.
Тој наедно го поздрави фактот што толку бргу по изборот на функцијата Ковачевски дојде во посета во Брисел порачувајќи дека тоа покажува дека Македонија е битен партнер на Алијансата.
„Алијансата ја гарантира вашата безбедност и сега сте дел од политиката на воздухопловната заштита на НАТО. Ние се браниме меѓусебно“, му порача Столтенберг на Ковачевски.
Премиерот Ковачевски изјави дека да се биде дел од НАТО значи безбедност, просперитет и сибурност за Македонија и дека ова стратешко достигнување е доказ за нашиот суверен и слободен избор и гаранција за нашата безбедност во Западен Балкан.
„Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО. Разговаравме за Украина и како сојузник на НАТО се приклучуваме на апелите до Русија да ја деескалира ситуацијата и да го продолжи дијалогот. Целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција како сојузници, а Северна Македонија останува целосно посветена на основачкиот договор во Вашингтон и на фундаменталните вредности и принципи на Алијансата“, рече Ковачевски.
[video:https://youtu.be/1nDdnZaaejk autoplay:0]





