„Снимката од Собранието во коешто Талат Џафери се заканува со сексуално општење со членови на семејствата на вработени во Собранието го дава вистинското лице како се кршат човековите права, како се задушуваат протести, како се задушуваат штрајкови во Македонија од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ. Молкот од институциите, недоветноста на Димитар Ковачевски, молкот од Стево Пендаровски, ја даваат вистинската слика што трпат и трпеа оние воспитувачки во градинките, наставниците, и професорите во основните и средните училишта, што трпат оние вработени во Пошта, во Управата за матични книги, воздухопловство, земјоделците при откупот на нивните производи по смешни цени. Сите оние што јавно но законски изразуваат револт кон крими – коалицијата СДСМ/ДУИ.
Молкот значи одобрување на примитивизмот на Талат Џафери и јавно воведување на начин за водење на институциите на државата од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Тој нагласи дека Џафери е недостоен за врешењето јавна функција и ги повика пратениците, доколку самиот не се повлече, да иницираат преиспитување на способноста за вршење на функцијата.
Во врска со барањето за лидерска средба Ковачевски – Мицкоски, портпаролот рече дека избори треба да има, како што додаде, тоа го покажува и анкетата на ИПСОС, објавена денеска, според кои резултати, ВМРО-ДПМНЕ е во значителна предност пред СДСМ и тоа според сите анкетни прашања.
Анкетата е нарачана од ВМРО-ДПМНЕ.






