среда, 10 декември 2025

Стоилковски: МВР на фирма за транспорт дава тендери за соларни панели и за водоинсталатерски работи

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсетува дека оваа фирма е добро позната на СДСМ со набавките во Ѓорче Петров, каде се прославија со набавка, тендер на 2 машини за перење од 25.500 евра.

„И за тоа нема истрага од МВР, нема истрага од институциите. Вчера МВР на Спасовски го потврди скандалот, со тоа што соопшти дека истата фирма и во септември лани го добива истиот тендер на соларни панери, ама бил поништен, па сега во јануари бил повторен. Значи, во септември малата фирма за товарен транспорт добила тендер од 500.000 евра од МВР за соларни панели, тендерот е поништен, па повторен сега и повторно истата фирма добива половина милион евра. Но, МВР на Оливер Спасовски на фирмата Дон Холдинг на Слободан Настовски лани во октомври му доделува тендер од 480.000 евра. Овој пат фирмата за камионски транспорт, е ангажирана за водоинсталатерски и канализациски работи во МВР. Договорот е направен на 13 октомври. Фирма за камионски транспорт добива тендер пред фирма специјализирана за водоводни и канализациски работи со 15 годишно искуство.

Како фирма за транспорт, товарен камионски транспорт, фирма со едно вработено лице, добива два тендери од по половина милион евра од МВР за соларни панели и за водоводни и канализациски изведувања?

Секако не помалку важно прашање е како токму МВР на тендери вредни милион евра неколкукратно да избира фирма којашто беше замешана во тежок коруптивен скандал повторно со тендери со набавки на 2 машини за перење со вкупна вредност од 25.500 евра, договор тендер од градинка во општина Ѓорче Петров?

Со два тендера, МВР дава 1.000.000 евра од буџет наместо истрага за скандалот со машините за перење. Оливер Спасовски СДСМ и ДУИ вака ја замислуваат борбата со корупцијата. Јавно ги повикувам јавните обвинители да излезат од сенката на политиката и да отворат предмет за овој случај“, вели Стоилковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ