понеделник, 22 декември 2025

Стоилковиќ: Зошто гласав против Декларацијата за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Неговиот фејсбук-статус го пренесуваме во целост: 
По три децении акумулација на проблеми на релација САД – Русија, Русија се одлучи да одговори на политиката на конструктивна деструкција, со што почна новата фаза во нивните меѓусебни односи. САД со своето перманентно нарушување на меѓународниот правен поредок и преземање на улогата на светски хегемон и по пат на континуираната, главно насилничката политика за проширувањето на НАТО – во што спаѓа и обидот вовлекување на Украина во пактот – и формално создаде неприфатлива безбедносна состојба за Русија и одговорот, односно реакцијата на Руската Федерација беше очекувана, како последица токму на претходниот, со години наметнуван модел на односи со Западот.
Русија, соочена со реалноста дека ниту САД ниту НАТО не се подготвени да се вклучат во одговорна дискусија за потребата од европска безбедносна рамка и дека истите сакаат директно да навлезат во границите на Русија, презеде мерки за промена на рамката во која би се одвивале ваквите дискусии. По изјавата на Путин, дека РФ е во смртна опасност, нормално беше да се очекува активирање на специјалната операција.
После ваква конструктивна деструкција, моделот на светот во кој живееме повеќе од очигледно стана наполно истрошен, доминацијата без контрола ги исцрпе своите сили. Време е за нешто ново, но како и секое породување, и ова ќе биде, се надевам, во привремени болки.
Каков ќе биде новиот свет допрва ќе се види. Секој поединец и секоја држава кои во новонастанатите околности ќе бараат извесност и гаранција, треба веднаш да добијат по муцката. Но дали кризата на самонаречениот „цивилизиран” свет – кој спасот го бара во освојување на нови богатства со кои ќе ја храни алчноста за нова доминација – ќе провоцира настани кои ќе го загрозат опстанок на човечката цивилизација, ќе се види наскоро.
Знаејќи дека нашето граѓанство политиката помеѓу останатото ја перцепира и како еден од „најстарите занаети” и верува дека големите играчи сепак ќе се договорат, морам да бидам искрен дека не сум баш сигурен во таквиот расплет. Многу е голем влогот, и на оние који настојуваат да ја продолжат својата доминација и на оние кои мораат да си ја спасуваат држата и своите богатства.
Од нас и така ништо не зависи, можеме да се однесуваме одмерено и достоинствено или да глумиме дека некој нешто не прашува, додека нашата државна политика всушност потсетува на водење на испостава на некоја туристичка агенција од странство.
Бидејќи е несериозно и мошне лицемерно државата која ја прекршила Хелсиншката декларација за неповредливоста на границите и Повелбата на ООН во однос на територијалниот интегритет и суверенитет на државите членки, и тоа во однос на својот прв сосед Република Србија, да повикува некој друг да го почитува истото меѓународно право, заборавајќи, односно правејќи се мутави за фактот дека нашата држава од сите аспекти го поддржа тријумфалистичкото оргијање на САД и НАТО врз мојот народ и Србија, а би сакал тука да ја додадам и пресудата на меѓународниот трибунал за името која не е испочитувана – благодарение на кого?
Да, јас повикувам на почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите, но само како универзален принцип кој важи за сите, бидејќи на малите држави единствено таа заштита им преостанува. Слугувањето и примената на различни аршини малите најскапо ги чини. Затоа кетманизмот во меѓународните политички односи што го промовирате како врвно достигнување, само ќе го уназадува општеството и ќе генерира нови слепци и послушници во јавниот живот, а со тоа и дегенерирани вредности во животот и општеството.
Ние Србите на таа тема слободно можеме да зборуваме затоа што на своја кожа го видовме „принципиелниот” став на САД и ЕУ. Сакам да кажам дека во целост ја разбирам вашата амбивалентност која толку снисходливо ја демонстрирате – сепак, членка сме на НАТО, но извинете, не сум подготвен да им се восхитувам на умислените марионети кои како збрлавени ги мантраат валканите флоскули од западниот арсенал на антируска хистерија, а сѐ уште не ни почнале да бараат алтернативен пласман за праските од кавадаречко, јаболката од ресенско, доматите од струмичко и зелката од кумановско. Важно, орвеловата „Фарма“ работи со полна пареа. Но, во Собрание нѐ донесоа нашите селани и нашите работници за да го штитиме нивниот интерес, а не валканиот капитал на глобалистичката олигархија.
Затоа, не треба да ве зачудува доминантното расположение на нашите луѓе, туку треба да ве плаши што сте на другата страна од својот народ, а крајот ќе го каже историјата. Јас и овојпат го одбирам потешкиот пат. Впрочем, Actum est, ilicet, некој ќе мора да ѝ ја отвори вратата на Македонија во новата реалност, а таа неминовно доаѓа.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ