„На прашањето зошто Али Ахмети ги напаѓа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има неколку одговори, ќе се задржам на два.
Прво, пред се заради непостоење на елементарен национален консензус помеѓу двете најголеми македонски партии во државна смисла на зборот.
И второ, меѓусебниот однос помеѓу двете македонски партии кои повеќе се плашат едни од други, отколку од државни непријатели.
Кои се причините за таквиот однос најверојатно најдобро ги знае Али Ахмети и не може да му се одрекне дека мошне умешно ги користи“, напиша Стоилковиќ.






