
На прашање дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Северна Македонија да остане поради блокадата на Бугарија, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа на брифинг изјави дека за тоа решаваат земјите во ЕУ, објави МИА.
„Ние имаме билатерални партнерства со земјите за кои станува збор, како и со ЕУ и во врска со ова подобро е да се обратите до овие земји и до Унијата“, изјави Прајс.






