среда, 17 декември 2025

Средба Ковачевски-Де Кро: Неопходно е брзо изнаоѓање на решение меѓу Македонија и Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

На средбата во срдечна атмосфера, двајцата премиери изразија задоволство од блиските и пријателски односи меѓу Македонија и Кралството Белгија, засновани на взаемна доверба и заедничка визија за слободна и демократска Европа.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека, покрај исклучителните билатерални врски, Белгија е важен партнер на Македонија во НАТО и во другите мултилатерални меѓународни организации и силен поддржувач на нашата интеграција во ЕУ.

На средбата двајцата премиери ја потврдија согласноста дека е неопходно брзо изнаоѓање решение меѓу Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина.

На средбата Ковачевски и Де Кро изразија остра осуда за Руската воена агресија на Украина и ја оценија како сериозна закана за мирот и стабилноста на Европа.

Премиерот Ковачевски го покани белгискиот колега Александар Де Кро да ја посети Македонија во рамки на претстојниот Преспа Форум и истакна дека тоа ќе биде дополнително зајакнување на позитивниот тренд за унапредување на политичкиот дијалог и поттик за посилна економска соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ