По повод одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај, а во рамки на свеченостите пред тој датум, под мотото „МВР за граѓаните”, Спасовски беше во посета на полицијата во Струмица, насловена како дружење со граѓаните.
Заменик министерот на МВР Назим Буши беше во Струга, државната секретарка Магдалена Несторовска во Велес, директорот на БЈБ Сашо Тасевски присуствуваше на свеченоста во Крива Паланка, а заменик директорот на БЈБ Ариф Асани, на Гумење во Крушево.
„Целта е нашите граѓани одблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема, со сето она што значи индикатор на успех на нашиот план за континуирано материјално-техничко опремување и унапредување на капацитетите на полицијата”, изјави министерот Спасовски.






