Во периодот на ковид – пандемијата, како премиер, а потоа и како министер за внатрешни работи го имав предизвикот многу одблиску и детално да имам увид во сериозноста на заразата која директно атакува на човековото здравје и живот, рече Спасовски.
Тој го истакна фактот дека концептот за заштита и спасување, независно од карактерот на заканите или карактерот на предизвиците и состојбите, со сите кризни и загрозувачки потенцијали, во својата основа претставува исцрпен процес на опсервација, планирање и донесување одлуки што понатаму ќе треба оперативно да се реализираат.






