сабота, 13 декември 2025

Советот на Амбасадори ja повикa Бугарија да го симне ветото против Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Советот на Амбасадори ја поздравува изјавата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Г-7 и Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изразена во зеадничка Декларација од завчерашната средба во германското место Вајзенхаус дека силно го поддржуваат брзото отворање на пристапните преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и со тоа ја афирмираат нивната определност за поддршка на европската перспектива на шесте земји на Западен Балкан со цел да се обезбеди сигурноста, стабилноста и просперитетот на регионот.

„Во однос на одлагањето на меѓувладината средба со Република Бугарија која требаше да се одржи овие денови поради „неисполнување на задачите„ од страна на Северна Македонија, како соопштуваат бугарските институции, Советот на амбасадори го изразува своето разочарување од несериозниот и условувачки пристап на бугарските државни институции кон унапредувањето на пријателските билатерални односи меѓу двете земји и смета дека тие односи може да се унапредуваат единствено со взаемно прифаќање и почитување на европските вредности,“ се наведува во соопштението.

Совет на Амбасадори ги повикува бугарските државни институции конечно да го симнат ветото против Македонија со цел да придонесуваат на просперитеот, мирот и безбедноста на регионот во овие кризни времиња, се дополнува во соопштението од Извршниот Одбор на СА. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ