вторник, 16 декември 2025

Собранието не е супермаркет, вели премиерот за блокадaта од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Собранието функционира и покрај бојкотот на дел од опозицијата. Дневниот ред на пленарната седница е усвоен, а започна и расправата за избор на уставни судии“, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање поврзано со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието.

По посетата на Општата болница во Прилеп Ковачевски рече и дека  е несериозно да се бојкотира Собранието во услови на најголема светска енергетска криза и ги повика пратениците да бидат одговорни.

Според него, доказ дека опозицијата блокира корисни закони за граѓаните, е Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство со која претседава пратеник од опозицијата, а на која на дневен ред не е ставен законот во кој треба да се направи техничка измена за да може на тутунарите да им се исплатат субвенциите.

„Средствата се обезбедени во Буџетот. Секоја година се прави измена во законот со која производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци. Тоа е техничка измена која Собранието веднаш ја одобрува. Во овој момент, на дневен ред на Комисијата за земјоделство, не се става тој закон. Со оглед на тоа дека Комисијата ја води пратеник од опозцијата, тој закон не се става на седница. И оттука може да се види дека опозицијата нема никаква намера да не блокира закони коишто значат подобар живот на граѓаните“, рече Ковачевски.

На прашањето поврзано со снимката што беше објавена, а на која, како што се тврди, се слушаат виокотници и пцости од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери кон врабони лица во парламентот, Ковачевски и денеска без конкретен коментар:

„Од снимката не се гледа кој зборува и со кого, така што не можам да коментирам, ве упатувам за прашањето да се обратите до Собранието“, рече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ