„Со модерано уредена и реконсструирана кујна, градинката ќе нуди храна според сите стандарди, а реновираните тоалети ќе овзможат унапредување на хигиената и подобар престој, а ове услови се клучни за правилниот раст и развој на најмладите во општината”, изјави амбасадорот на малата церемонија.
Благодарност изразија директоката на градинката, како и градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
Минатата година Амбасадата на Јапонија на оваа општина ѝ донираше комунално возило за собирање на смет вредно 60.000 евра.

Инаку, преку грант програмата за мали проекти ГГП Јапонија има финансирано и реновирано и обезбедено опрема за преку 70 училишта и градинки, како и за 57 јавни здравствени институции во земјава и има обезбедено 31 специјализирано возило за управување со отпад за 49 општини.
Јапонија континуирано дава поддршка во различни сектори, во инфраструктурен развој, за подобрување на здравствените услуги, во образованието, за животната средина, културата, помош при природни катастрофи и бегалски кризи, како и итна помош која изнесува повеќе од 422.3 милиони евра, но и друга нефинасиска помош.






