понеделник, 22 декември 2025

Со дијалог да се реши ситуацијата меѓу Русија и Украина, се согласиле Петровска и Ѕуо

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Министерката за одбрана се вели дека на средбата со амбасадорот Џанг Ѕуо присуствувал и полковник Хуанг Хе, како новопоставено одбранбено аташе во кинеската амбасада во Скопје.

„Министерката Петровска на денешната средба изрази голема загриженост за руската агресија врз Украина, која претставува кршење на меѓународното право и постулатите на Обединетите нации“, пишува во соопштението.

Во соопштението министерството го наведува ставот на кинескиот амбасадор истакнат на средбата: „Амбасадорот Ѕуо рече дека Кина внимателно ги следи случувањата во Украина и изразува силна поддршка за светскиот мир. Кина се залага за решение на ситуацијата меѓу Русија и Украина по пат на дијалог и за трајна европска безбедност“.

Министерката Петровска и амбасадорот Ѕуо се согласиле дека двете земји одржуваат пријателски односи и дека имаат успешна билатерална соработка која ќе продолжи во иднина.

Петровска на полковникот Хе му честитала за новата работна задача и му посакала успешна работа, а на амбасадорот уште еднаш му ја истакнала благодардноста за донациите од Народна Репбулика Кина за нашата земја во борбата против ковид-19.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ