Пратеничката рече дека зголемувањето на минималната плата е повеќе од двојно споредено со периодот од пред четири и пол години кога минималната плата, како што нагласи, во поедини индустрии изнесуваше 8.800 денари.
Според неа, растот на минималната плата неизбежно ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори.
Шкријељ нагласи дека сега е важно да се донесат измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, кои, нагласи, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат речиси цела година. Таа рече дека ќе укаже на неколку работи со цел да се расчистат некои дилеми и намерно пласирани дезинформации во јавноста .
„Министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници. Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон. Оттука, паѓаат во вода лагите дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието“, рече пратеничката.
Со усвојување на Законот за минимална плата и со усвојување на Законот за наставници дополнително ќе се зголемат платите на над 27.000 наставници во основното и средното образование, нагласи Шкријељ и рече дека интересите на граѓаните треба да бидат во прв план, а спомнатите блокади да бидат надминати за да имаат подобар животен стандард наставниците и стручните соработници.






