среда, 21 јануари 2026

Шилегов: Филипче ја води СДСМ кон исчезнување

Поранешниот висок функционер во СДСМ Петар Шилегов вечерва на ТВ Телма ја оспори летитимноста на закажаниот конгрес на неговата партија под водство на Венко Филипче. Шилегов изјави дека СДСМ под водство на Филипче станала петта партија, а тој ја води партијата кон исчезнување.

Објавено на

часот

Сподели

Ниту јас лично, ниту луѓето на кои им значи СДСМ не треба да работат против партијата, рече Шилегов, кој истакна дека темата дека овој конгрес (закажан за 24 јануари) ќе биде успешен или неуспешен е лажна.

„Ќе дојде до определени барања не само од моја страна, туку од сериозна групација во партијата, меѓу кои има и актуелни пратеници, кои исто така немаат никаква комуникација со раководството. Кога ќе излезат од партијата дел од пратениците, можеби половина од пратеничката група, кога дел од општинското раководство ќе ви ги затвори вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете од функција“, рече Шилегов.

Според него, ако успее конгресот ќе биде само верификација на она што го нарекуваме „погрешни политики“ кои се водат во изминатиот период.

Шилегов рече дека ова ќе биде трет неуспешен конгрес по ред, по еден неодржан, истакна дека немало отчетен конгрес за причините по исходот на изборите во 2021, како и по парламентарните избори 2024.

„Според сознанијата што ги имам до делегатите и општинските организации сѐ уште не се пристигнати конгресните материјали и заклучоци“, рече Шилегов.

Тој смета дека е очигледно дека неколку одлуки се донесени во тесен партиски круг на неколку луѓе. Органите на партијата не донеле одлука за поддршка или не за проектот „Безбеден град“. Венко сам си носи одлуки, изјави Шилегов кој во целост ја оспорува легитимноста на конгресот на Филипче.

Шилегов заклучи дека за сето ова претходно разговарал на две средби со претседателот на СДСМ – Филипче, кои траеле и до три часа, а на кои средби се убедувале и аргументирале од потребата за промени како во политиките, така и во раководството на СДСМ.

Шилегов одговори и на обвинувањата на Венко Филипче дека работи и одработува за ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата за состојбите во СДСМ и барањето оставка од Филипче по изборниот дебакл на локалните избори.
Тој рече дека додека тој објавувал бомби за ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче се сликаше со министер од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
„Актуелниот претседател е политички интелектуално инфериорен за тезите за внатрепартиските промени. Кога немате аргументи да се спротивставите ќе зборите дека Шилегов работел за ВМРО-ДПМНЕ. Кога јас ги објавував бомбите и ги објавував криминалните шеми на ВМРО- ДПМНЕ Венко Филипче се сликаше со Груевски и Тодоров. За некои работи треба да се потсетиме и да не ги заборавиме. Тоа е знаете како кога немате што да кажете, ај сега овој работи за ВМРО“, рече Шилегов и додаде дека очекува дека и после ова интервју ќе има сериозни напади по социјални мрежи, што од ботови, што од управувани, што од платени текстови во обид за негова дискредитација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ