понеделник, 22 декември 2025

Шефицата на германската дипломатија вели дека нема да и го препуштат Западен Балкан на Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме отворено да кажеме дека во последните години разочаравме и запоставивме многу од тие земји. Актерите како Русија притискаат на оваа отворена страна, кои немаат интерес за европската иднина и не се двоумат повторно да ги разгорат нерешените конфликти. Сега патувам првенствено во Западен Балкан за да слушнам што луѓето таму очекуваат од нас сега, но и да им објаснам дека нема да го оставиме тој регион во срцето на Европа на влијанието на Москва“, рече Бeрбок.

Таа посочи дека Европа во последните денови покажа дека е ефикасна и решена да се спротивстави на агресивните постапки на рускиот претседател. Сега, смета таа, неопходно е Европа да покаже дека е подготвена со истата енергија да се вклучи на креативен и ориентиран кон иднината во земјите од европското соседство. „Луѓето во регионот ќе не мерат по тоа дали нашите зборови се проследени со дела. Германија има суштински интерес за политички стабилен и економски просперитетен Западен Балкан, чии земји се ориентирани кон Европа. За тоа ќе се залагаме и на претстојните политички разговори, како и во стратешките инвестиции, пред се во обновливите извори на енергија“.

Бербок вели дека сака да се соочи со германскиот приоритет, а тоа е Западен Балкан. Затоа германската влада создаде нова функција на специјален пратеник за Западен Балкан. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ