понеделник, 22 декември 2025

Семејството со новороденчето очекуваме денеска да ја напушти Украина, изјави Османи

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска уште едно семејство од Запорожје со воз излегува од Украина, како и двајца поединци, наши граѓани од Киев, со автомобил се приклучени на еден конвој. Останатите 15 монитори од специјалната мисија исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од тие вкупно 30-те монитори во рамки на специјалната мисија. Во контакт сме и разговараме со партнерските земји за да ги извлечеме сите безбедно од Украина“, рече Османи.

Другите граѓани, посочи, ги комуницирале вчера, бидејќи денеска обезбедиле еден коридор.

„Меѓутоа, прашањето е што со оние кои не можат да стигнат до местото каде што тргнува тој безбеден коридор поради различни причини – безбедносни причини, или немаат ниту гориво за да можат да се движат безбедно низ тој коридор, така што имаме неколку околности коишто ги имаме предвид. Во разговори сме за да создадеме коридори коишто се поблиску до нивното место на наоѓање“, вели Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ