Села додава дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња ќе излезе јавно на прес конференција.
Во синоќешната емисија тој се осврна и на барањето за предвремени парламенатрни избори.
„Ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ) во јуни, тогаш Владата ќе го загуби кредибилитетот и многу веројатно е дека ќе има избори во октомври. Евроинтеграциите се дел од агендите на сите политички партии, но владеачката е таа која треба да ги реализира. Доколку во јуни не добиеме датум за почеток на преговори, тогаш оваа Влада целосно ќе го загуби кредибилитетот”, рече Села.






