сабота, 21 март 2026

Села: И ние мора во Собранието да блокираме закони од интерес само за ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Како треба да се однесува еден пратеник кога му доаѓа експресно решение за толкување на дел од законот за игри на среќа, со кое ДУИ всушност има за цел во склоп на државната лотарија да направи уште едно трговско друштво кое ќе им служи милионски суми да легнуваат на нивната сметка? Нема друг начин освен да се блокира такво решение. Затоа велам дека се легитимни вакви чекори против штетни закони, нема друг начин против оние политички сили кои веќе 20 години туркаат закони од свој интерес, узурпирајќи го и судството за да прават што сакаат. Резултатот од тоа нивно дејствување се иселување на граѓаните. На пример, слушнав информација дека за шест  дена 80 илјади граѓани аплицирале за заминување во Германија. Не ми е проверена информацијата, но суштината е дека треба да се најде начин да се дејствува против носењето на штетни закони и одлуки и да се заштитат граѓаните“, рече Села.

Тој нагласи дека Алијанса за Албанците како опозициска партија е решена да го спречи обидот на ДУИ кој е повеќе од бизнис сферата на интегративците, отколку политичко дејствување. Села посочи дека за жал и натаму забрзано се отвораат обложувалници особено во западниот дел од државата.

Во врска со барањата за предвремени избори Села рече дека треба да се сочека крајот на јуни за да се види има ли исход од преговорите за тргање на бугарското вето заради отворање на датум за преговори со ЕУ.

„Македонија и Албанија треба да бидат дел од европското семејство, а тоа треба да е во интерес и на ЕУ, имајќи ја предвид бебедносната состојба во Западен Балкан од аспект на кризата со Украина“, нагласи лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ