недела, 21 декември 2025

Секоја земја го избира својот пат, поддршка за Украина, порача државниот врв

Објавено на

часот

Сподели

Патот кон НАТО го трасиравме одамна, во далечната 1993 година, а по речиси три децении ја минавме и целта. Гледано од денешна перспектива, сосема е јасно – станавме членка на Алијансата во вистински момент, рече Петровска,  потсетувајќи дека денес сме соочени со немилосрдна војна и нагласувајќи дека таа криза покажа колку е важно да имаме сојузници.

Според неа, со членството во НАТО стабилноста на државата не може да биде разнишана, а безбедноста здружено ја гарантираат и 29-те сојузници.

„Денот на НАТО е и наш ден, ние сме на праведната страна на историјата. Цврсто веруваме во принципот на Алијансата: еден за сите – сите за еден”, нагласи министерката.

Премиерот Димитар Ковачевски осврнувајќи се на дамнешната одлука на земјава за членство во НАТО, оцени дека секоја држава има право да го избере својот пат и направи паралела со украинската криза.

„Одлучни сме во нашата осуда на руската нелегална инвазија на Украина. Ја почитуваме храброста на украинскиот народ со која ја бранат нивната држава, нивниот суверенитет и територијален интегритет. Целосно го поддржуваме фундаменталниот принцип дека сите земји имаат право да го изберат својот сопствен пат, своите надворешно – политички приоритети и безбедносни аранжмани”,  нагласи премиерот Ковачевски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како домаќин на приемот во МНР по повод Денот на НАТО, рече дека членството на земјава во НАТО претставува  историски успех и најзначајно надворешно – политичко постигнување. Тој оцени дека нашето членство во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

„Руската инвазија во Украина придонесе за зајакнување на единството кај земјите членки и зајакнување на соработката со земјите партнери на Алијансата. Вонредната ситуација на европскиот континент покажува дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика и затоа во оваа прилика упатуваме уште еден силен апел до Унијата за проактивен пристап и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е од суштински интерес за зачувување на безбедноста на Европа”, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи меѓу другото ја испрати и пораката: „Одлучни сме во нашата осуда на руската нелегална инвазија на Украина. Ја почитуваме храброста на украинскиот народ со која ја бранат нивната држава, нивниот суверенитет и територијален интегритет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ