СДСМ преку соопштение информира дека на седницата се разговарало за мерките за заштита на стандардот на граѓаните и на економијата, за спречување на ценовен шок и за справување со последиците од глобална енергетска криза.
Ковачевски информирал дека Владата внимателно гi следи состојбите како во Македонија, така и надвор и дека се преземаат навремени мерки како во поглед на стандардот, така и во поглед на зачувување на економијата“.
„Граѓаните треба да бидат спокојни, како членка на НАТО нашата безбедности и сигурност е гарантирана. Земјата има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Со преземените мерки на Владата не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи“, кажал Ковачевски.
Во соопштението на СДСМ понатаму се вели дека во моментов нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, дека институциите продолжуват со снабдување на државните резерви, а дека се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.
„Централната банка изминатиот период информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен а стабилна е состојбата и со девизните резерви. Следејќи ја ситуацијата Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи. Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза“, се вели во соопштението на владејачката партија.






