четврток, 11 декември 2025

СДСМ и порача на Арсовска да земе нешто да работи и да си ги подмири сметките

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни што не можат ниту сметките да си подмират. Владата во делот на енергетската криза веќе помага на граѓаните и малите потрошувачи. Со навремени мерки Владата спречи голем ценовен шок и граѓаните се заштитени од превисоки цени за струја. Данела Арсовска е време сериозно да ја ревидира својата улога во оваа енергетска криза и да земе нешто да работи. Прво се прогласи ненадлежна за парно греење и скопјани го остави сами на себе. Интервенираше Владата, го презема и скопјани имаат парно. Истата таа Данела Арсовска повторно се обраќа со нови барања за електрична енергија. Како тоа нема пари за сметки, а има за 109 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата во Скопје? Во услови на криза Данела мора да ги сведе непродуктивните трошоци на минимум“, се вели во реакцијата на СДСМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ