„Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да служат на оние од кои се бирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата.
ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да го загорчи животот на сите граѓани и да блокира се што е во интерес на надминување полесно на состојбите. Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека остро ќе се спротистават на овие блокади и ќе најдат начин како да ги донесат законите од интерес на граѓаните.






