понеделник, 22 декември 2025

СДСМ: Буџетот е ликвиден, граѓаните да бидат спокојни

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните можат да бидат спокојни. Буџетот е ликвиден и во моментот се спроведуваат сите најавени мерки. Од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија. Со мерката за покривање на дел од сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи се покриваат од 600 до 800 денари за сметките за струја на домаќинствата. Досега, со брза интервенција спречивме енормен раст на цената на струјата благодарение на навремено активирање на сите расположливи капацитети за производство на струја“, се вели во партиското соопштение. 

Во таа насока е и одлуката за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто со кое им се помогна на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.

Владата одлучи од први март до 31 мај да ги ограничи маржите во трговијата. На мало заработката се ограничува на 10%, додека во трговијата на големо на 5%. Станува збор за производите чии цени досега беа замрзнати, а сега се додаваат и овошјето и зеленчукот, додаваат од СДСМ и велат дека како одговорна и државотворна партија, останува целосно посветена на заштита на економскиот стандард на граѓаните и унапредување на економијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ