среда, 17 декември 2025

САС на МПЦ – ОА: По препорака на Цариградската патријаршија ги продолжуваме разговорите со СПЦ за конечниот статус

Објавено на

часот

Сподели

САС на МПЦ-ОА на денешната вонредна седница, расправал за актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ – ОА со православните помесни цркви, како и за конечниот автокефален статус на нашата црква, соопшти канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.

„САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет. Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете цркви“, се неведува во соопштението по вонредната синодска седница.

Синодот на МПЦ-ОА на оваа седница одлучи да се канонизираат двајца македонски преродбеници олицетворени во личностите на Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ – Лешочки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ