среда, 10 декември 2025

Сали по средбата со верските лидери со апел до граѓаните: Ве молам вакцинирајте се

Објавено на

часот

Сподели

„Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме и многу наши драги најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме апел секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата за вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на спојот и на животот на луѓето околу нас од ова пандемија која веќе две години го сменил и начинот на нашето живеење“, рече Сали.

Тој ги повика граѓаните да одговорат на повикот на завкцинација и „да не дозволат никој да ги поколеба во стремежот за спасување на својот, и на животот на луѓето околу нас од оваа чума која веќе две години ни го менува начинот на нашето живеење“.

„Убеден сум дека ова е најбезбедниот начин за заштита од ширење на вирусот, но и единствениот начин за спречување на ширење на инфекцијата. Затоа, ве молам вакцинирајте се“, рече Сали.

И верските лидери се на ставот дека вакцинацијата е единствениот начин за заштита на населението од вирусот. Реис ул-Улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху во своето обраќање по средбата кажа дека целта е давање позитивна порака до сите граѓани да се вакцинираат. Тој потсети дека Исламска верска заедница од првите моменти донесе неколку одлуки во рамките на одлуките на Светската здравствена организација, на Министерството за здравство и правилата на Исламските регулативи, така да, како што рече, од почетокот се реализирани сите можни организации во џамиите и во другите верски објекти.

„Во секој момент апелиравме луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ во рамките на Министерството за здравство. Апелирањето беше во сите џамии во секоја петочна молитва, во сите групи, и мислам дека тоа беше многу успешна работа. Исто ИВЗ имаше наредба кај сите верници да се апелира вакцинацијата да се зема сериозно да се пристапи на сериозен начин затоа што таква е одлуката на СЗО“, рече Шаќир Фетаху.

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан ги повика граѓаните и верниците да се придржуваат до мерките што ги воведоа институциите задолжени за заштита на здравјето на луѓето.

„Македонска православна црква преку свои соопштенија изминативе две години повеќе пати апелираше до верниот народ да се придржуваат на она што задолжените институции почесто и редовно апелираа на таа тема. И овој пат ќе речам, подобро е нешто да спречиме, отколку потоа да го лечиме. И денеска, исто така упатуваме апел до сите граѓани на нашата земја да се вакцинираат“, порача г.г. Стефан.

На средбата што се одржа во спомен куќата на Мајка Тереза присуствуваа и бискупот на Католичката црква, Киро Стојанов, претседателот на Еврејската делница, Пепо Леви и  супериндендентот на Евангелско-методистичка црква, Марјан Димов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ