сабота, 20 декември 2025

Романија нема да поддржи раздвојување на Албанија и Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Нема разговори за раздвојување на Северна Македонија и Албанија. Не го поддржуваме тоа развојување. Важно е да се најде решение што е можно побрзо и да започнат преговорите со двете земји заедно, рече Ауреску на заедничката прес-конференција со Османи.

Романија е цврст поддржувач на членството на Северна Македонија во ЕУ, рече Аурески и нагласи дека во меѓувреме тесно се соработува на многу комплексни прашања.

Министерот Османи смета дека не е од интерес на Албанија евроинтегративниот процес да биде раздвоен.

„Кажав и претходно дека не е долгорочен интерес на Албанија да се одвои од нас на овој пат. Така што, ако барем до една фаза во процесот додека политичките критериуми се клучни си помагаме еден на друг, долгорочно ќе се создаде синергија која го турка целиот процес напред. Се разбира дека Албанија има право да го дигне гласот и да каже, ‘ги исполнивме сите критериуми, зошто јас да сум заложник на досието на друга држава’. Меѓутоа, свесен сум дека и Албанија го дели мислењето дека долгорочно тоа не ѝ одговара и многу земји-членки сметаат дека ако дојде до раздвојување дека тоа ќе ја влоши регионалната динамика“, истакна Османи.

Според него, засега немаме сигнал од ниту една земја-членка која би преферирала одвојување на пакетот.

„Сите се заинтересирани да се заврши оваа работа за двете држави. Но дека прашањето ќе се актуелизира од јуни, доколку ние не ги почнеме преговорите, тоа сум сигурен. Дека Албанија ќе биде многу погласна, дека ќе се обиде да лобира и дека ќе има земји-членки кои ќе кажат дека навистина ќе треба да се најде решение, а тоа нас нема да ни одговара. Затоа треба да сме фокусирани да не дојдеме во ситуација ова прашање да се актуелизира“, оцени Османи.

Инаку, до неодамна албанскиот премиер Еди Рама даваше изјави дека Албанија не бара раздвојување, но сега во неколку наврати најави дека ќе побара раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ,  доколку Северна Македонија не го реши до јуни прашањето со Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ