вторник, 10 март 2026

Реџепи не демантира дека лани на 11 ноември кога требаше да се гласа за доверба на Владата бил во вилата на премиерот Заев

Објавено на

часот

Сподели

„Се што имав да кажам го кажав на мојата прес конференција и јавни настапи. Мое приватно право е каде престојувам во одреден ден според мојата проценка за мојата безбедност и на моето семејство. Најбитно е дека јас како пратеник со мандат го искористив моето уставно право да одлучам според моето убедување и со тој потег се обезбеди стабилно зголемено мнозинство и непречен дијалог со Република Бугарија“, изјави Реџепи за „Фокус“.

Вчера Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ при гостувањето на една телевизија праша дали Реџепи се криел во премиерската вила на тогашниот премиер Зоран Заев на денот на гласањето недоверба на Владата.

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи на 12 ноември 2021 година своеволно дошол во полициска станица, каде дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница, информираа тогаш од МВР. 

Реџепи лани на 11 ноември не присуствуваше на собраниската седница за гласање доверба на Владата, со што опозицијата немаше доволно гласови за изгласување недоверба. Пo шпекулациите за негово исчезнување и киднапирање, Реџепи тогаш преку својот Фејсбук профил најави дека ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото непојавување во Собранието каде требаше да се гласа за доверба на Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ