среда, 17 декември 2025

Рама се пожали дека Албанија е заложник на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Според Рама, на овој пат нема друго решение освен трпение.  

„Процесот кон ЕУ е невротичен процес. Албанија е заложник на ќорсокакот меѓу нашиот сосед, Северна Македонија и Бугарија. Тоа е една од оние ситуации што ЕУ може да ги создаде. Нема книга и искуство, ниту какво било објаснување како може да се третира. Како можеш да останеш заложник на споровите меѓу двете земји. Но, еве тоа е, како што велеше Доналд Трамп. Не смееме да го изгубиме трпението и желбата за Европа“, рече меѓу другото Рама во своето обраќање, додавајќи дека е загрижен за

многуте проблеми со процесот на евроинтеграции.  

Тој уште кажа дека Европа е во секој план на Албанија ѝ е првиот слободен избор на неговата земја, бидејќи „досега сме биле под власта на различни империи против нашата волја“. 

„Целта на Албанија е да ја промовира соработката и мирот во Европа. Во нашите планови нема друга алтернатива освен Европа. Имаме многу да му дадеме на регионот бидејќи проблемите можат само да создадат поделби“, порача Рама во обраќањето на Конференцијата на која што учествува и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ