четврток, 11 декември 2025

Претседателот Пендаровски прими делегација на Советот на американски амбасадори

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од кабинетот на шефот на државата се вели дека претседателот Пендаровски ги информирал соговорниците за актуелните прашања од европските интеграции на земјата, како и за реформските процеси кои треба да се спроведат во поглед на владеење на правото и борбата против корупцијата.

На средбата се разговарало и за состојбите во регионот, како и безбедносните предизвици во Европа, како последица на руската воена агресија во Украина.

Советот на американски амбасадори е непрофитна организација во која членуваат над 200 амбасадори на САД, која работи во поддршка на Стејт департментот и шефовите на мисии, спонзорира стипендии за развој на млади лидери за кариера во јавната дипломатија и меѓународните прашања, организира мисии за утврдување на факти во странство и ја едуцира јавноста за надворешно-политичките прашања кои влијаат на националниот интерес

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ