петок, 8 август 2025
На крајот од седницатга за пратенички прашања

Премиерот не може да ги издржи навредите во Собранието, на пратениците ќе им одговари „написмено“

Објавено на

часот

Сподели

„Барам на следната координација да се разгледа прашањето за навредите од најнизок вид кои од страна на пратениците се упатуваат кон членовите на Владата. Министрите се доведени во нерамноправна положба, со оглед на тоа дека пратеник според деловникот и законот, може да изнесе секакви лични навреди кон член на Влада, да тој не може да одговори, а ако одговори, немајќи го имунитетот на пратеникот да биде тужен на суд. И затоа на следните пратенички прашања, сите прашања ќе бидат одговарани писмено“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој побара да се обезбеди етички кодекс на однесување во Собранието и да се замолат пратениците да се однесуваат според него.

„Никој не е должен да доаѓа овде и да трпи навреди од најнизок тип, и од говорница и со дофрлување од место, притоа сите министри се обраќаат на членовите на парламентот со должна почит и со одговарање на нивните прашања“, рече Ковачевски.

Членовите на Владата кратко потоа ја напуштија седницата откако пратеничката Дафина Стојановска од опозициското ВМРО-ДПМЕ рече дека од Владата „тресат зелени“.

„Кои сте вие тоа да го кажувате? Знаете вие зошто сте овде? Зашто овде има деловник. Овде не сте затоа што ние сакаме да ве гледаме и да ве слушаме како тресете зелени, овде сте затоа што Деловникот тоа го бара“, рече Стојановска, по кое што следеше напуштање на седницата од страна на претставниците на Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ