Според владината прес-служба, предвидени се средби и со поранешниот британски премиер Тони Блер и со поранешниот премиер на Грција и лидер на „Сириза”, Алексис Ципрас.
На Форумот се присутни и премиерите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, со што и оваа година предвиден е посебен дел посветен на Западен Балкан.






