среда, 13 август 2025

Пред 30 години остварен е македонскиот сон за членство во ОН, рече премиерот во обраќањето во светската организација

Објавено на

часот

Сподели

„Сите овие години Република Северна Македонија се однесуваше одговорно, како земја која ги разбира глобалните процеси и ги почитува начелата на меѓународното право и добрососедство. Северна Македонија мина низ многу тешки моменти, но благодарејќи на мудроста на своите граѓани и спроведувањето на разумни политики и лидерството на нејзините политичари, успешно ги надмина сите предизвици и искушенија што ѝ застанаа на патот“, рече премиерот.

Тој наведе повеќе тешки одлуки во изминатите години, но кои, како што оцени, овозмиожија прием во НАТО и пристапни преговори со ЕУ, „со заштитени и признаени јазик, идентитет и култура“.

„Од земја што пред 30 години беше домаќин на мировни мисии, сега сме земја што е домаќин на меѓународни преговори. Ова беше направено затоа што се надградуваме на лидерството и искуството и визијата на политичарите и дипломатите кои ги споменав претходно“, нагласи Ковачевски.

Премиерот наведе дека потпишаните договори, како Охридскиот, Преспанскииот и за добрососедство, се потврда на постојаната посветеност да се поплочи патот за тековен и иден развој на земјата кон отворен дијалог. 

кл

„Ако има место на светот каде што постои доказ дека дипломатијата функционира за решавањето идентитетски прашања, тогаш тоа е Северна Македонија“, додаде Ковачевски.

Шефот на македонската Влада истакна дека како претседавач со ОБСЕ за 2023 година, нашата земја ги промовира овие суштински начела кои потекнуваат од Повелбата на ОН и чија потврда денес е потребна повеќе од кога било.

„Цврсто веруваме во ОН и нејзините вредности. Цврсто веруваме во нашиот заеднички потенцијал да промовираме инклузивни, ефективни и одржливи глобални влади врз основа на правилата и начелата на меѓународното право, додаде тој.
 
Во својот говор Ковачевски потенцираше дека пред 30 години и денес, нашите амбиции сè уште се исти. Почит за човековите права и фундаменталните слободи, демократијата и економски развој и решавање на заеднички прашања што ја засегаат нашата планета.  

На крајот тој упати покана да се погледне изложбата што заеднички ја организираа Архивот и МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ