понеделник, 15 декември 2025

Пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со повик и до Мицкоски: Нема уставни промени под бугарски диктат

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението пратеничката група  потенцира дека уставните измени кои ги прифаќа македонската Влада предводена од СДСМ и ДУИ се производ на диктат и под услови кои не се прифатливи за македонските граѓани.

„Апелираме до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и национални интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани.

Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта туку да служи на суверенот – граѓаните.

ф

Пратеничката група на коалицијата За обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овој став упатува раководството на партијата, сите политички претставници на коалицијата  и претседателот на партијата проф. д-р Христијан Мицкоски на претстојната лидерска средба да ги реафирмира ставовите за неприфаќање на уставните измени и да се почитуваат интересите на граѓаните.

Македонските граѓани отсекогаш силно ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат  европската интеграција на државата, но тоа не треба да прерасне во понижувачки процес за прифаќање на диктати туку процес за прифаќање и почитување на вредности. Оттука како пратеничка група на коалицијата За обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ бараме во името на огромното мнозинство македонски граѓани фер шанса иста каква што ја имаа останатите народи и држави од Централна и Источна Европа кога пристапуваа кон Европската Унија“, се вели во соопштението на пратеничката група.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ