среда, 10 декември 2025

Повеќе матно од бистро во борбата против корупцијата – спроведени само 10 отсто од активностите, објави Транспаренси интернешнл

Објавено на

часот

Сподели

Во делот на „матните“ настани за април оваа година, се споменува делото на Мијалков во „Титаник 2 “ кое е застарено, а според Транспаренси интернешнл, причината е неефикасноста на судството.

„7 Април 2023 година е датумот кога настапи апсолутна застареност за кривично гонење на, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за делото примање награда за противзаконито влијание. Поминаа 10 години, што е двојно повеќе време од максималната казна (5 години) за ова дело, сметано од времето на сторување. Причина за застарувањето е неефикасноста на судството. Поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште за овој предмет на 24.04.2018 година. Оттогаш, од најразлични причини, случајот не успеа да дојде до правосилна пресуда, се вели во извештајот.

Од Транспаренси интернешнл го потенцираат и Ревизорскиот извештај на АД МЕПСО за 2021 година, кој, како што велат, е со голем број неправилности

„Во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за усогласеност на АД МЕПСО за 2021 година и влијанието на енергетската криза во работењето. се изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. на усогласеност на АД МЕПСО за 2021 година и влијанието на енергетската криза во работењето“, се вели во извештајот на Транспаренси Интернешнл.

Исто така, се споменува и разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, како и на реакцијата на Советот на Јавни обвинители за ставот на обвинителката Ленче Ристовска.

Во делот на „бистрите“ настани за април оваа година, е наведена изјавата на обвинителката Ленче Ристоска за Советот на јавни обвинители, како и кривичната пријава за вработена во Катастар која ја злоупотребила службената положба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ