среда, 17 декември 2025

Поради споменикот на УЧК во Липково се повлекува иницијативата за изградба на спомен-обележје на загинатите бранители

Објавено на

часот

Сподели

„До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувства и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме. Поради тоа Ве информираме дека ќе поднесеме нова иницијативе до Собранието на Македонија за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани”, соопштуваат од Синдикатот на полицијата.

Од таму додаваат дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија, а воедно очекуваат оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ