среда, 10 декември 2025

Политички гест на добра волја е заедничкото чествување на Гоце Делчев, вели Ѓоргиев

Објавено на

часот

Сподели

Во вечерашното гостување на „Топ тема” на ТВ Телма, Ѓоргиев истакна дека одлуката е гест на добра волја од страна на двете влади, за да ја релаксираат политичката атмосфера во двете земји.

„Јас овој политички гест го гледам како добра волја, како политичка волја на двете држави да ја релаксираат политичката атмосфера, во однос на тие најчувствителни горливи теми што постојат“, додава тој.

Ѓоргиев верува оти треба јавноста да биде информирана на извесен начин, дека наспроти тоа што комисијата се уште дискутира и не може да најде решение за тоа заедничко чествување на Делчев, владите на двете држави како гест на добра волја носат одлука заеднички да го чествуваат и го прават тоа. Тој додаде дека се работи за чиста политичка одлука на владите и оти комисијата нема никакво учество во тоа, како и дека продолжуваат да дискутираат за Делчев.

Потпретседателот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања изјави дека речиси две години работат на усогласување на еден текст, кој се однесува на Гоце Делчев, и во кој треба да бидат претставени идеите зошто двете држави би требало да го слават Гоце Делчев и зошто е важен за двете општества.

„Тоа би било само едно решение, еден предлог од комисијата за тоа на кој начин може да се претстави Гоце во двете општества, тоа не е решавање на историографскиот спор меѓу македонската и бугарската историографија. Дебатите за Гоце ќе продолжат, комисијата не е цензорско тело кое ќе каже од денес Гоце Делчев припаѓа само на една држава“, вели Ѓоргиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ