четврток, 18 декември 2025

Политичката борба во Бугарија не смее да е пречка за Македонија, оцени Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот додаде дека како држава и како народ е направвно многу во изминатите 30 години, особено по добивањето на кандидатскиот статус и порача дека е потребно брзо, а не избрзано решение.

„Од првиот ден зборувам дека преговорите со Бугарија ги водиме врз основа на европските вредности, врз задржување на достоинството на граѓаните на двете држави, како и врз основа на меѓусебно почитување и на политичарите и на сите институции во државите. Само ако така се водат преговорите, може да има позитивен дијалог, тон и начин на комуникација што ветува дека може да се дојде до решение за кревање на ветото. Ние треба да кажеме дека Северна Македонија има вето од соседна држава за почнување на првата меѓувладина конференција. Доколку бидат тие услови исполнети, тогаш може да се очекува договор, но само ако бидат исполнети тие услови“, потенцира Ковачевски и додаде дека никогаш не спомнал датум, но дека за Македонија час поскоро треба да почне првата меѓувладина конференција..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ